Започнува првата фаза од проектот со кој ќе се реновираат училиштата во Охрид
Од локалната информираат дека за првата фаза обезбедени се вкупно 12 милиони денари.
По скенирањето на состојбата во основните и средните училишта, започнува првата фаза од проектот со кој ќе се реновираат образовните институции во Охрид. Портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтовски вели дека до овој момент до локалната стигнале проекти од сите основни и средни училишта во градов, преку кои бараат да се вложи во оној дел кој им е најнеопходен. зафатите во образовните институции ќе се одвиваат во две фази.
„Оваа прва фаза во моментов се прибрани сите проекти кои ги изготвиле училиштата, а кои во првата фаза бараат менување на дограмата, прозорите и вратите.Во овој момент ваква потреба имаат ОУ Св Климент Охридски ОМУ Методи Патче, Христо Узунов, Григор Прличев и Кочо Рацин. Во овие училишта ќе се интервенира со нова дограма и тука вкупната вредност на овој зафат ќе изнесува 7 милиони и 600 илјади денари“, вели портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтовски.
Џамтовски открива дека ќе се интервенира и во детската градинка Јасна Ристеска, во централниот објект, но и во клоновите низ Охрид. Овој зафат според проектот ќе чини 3 милиони и 500 илјади денари. Од локалната признаваат дека покрај со дограмата, училиштата имаат и други проблеми, за што доставиле проекти кои ќе почекаат подобро време.
„Има и други проекти кои треб ада се спроведат, некаде греење, некаде треба да се интервенира во санитарните јазли, но во овој момент до почетокот на школската година ова ќе биде главниот зафат кој ќе го спроведеме во сите училишта. Претпоставувам дека во следниот период ќе се спроведи и втората фаза со која сите други проблеми кои ги имаат училиштата ќе бидат санирани“, додава Џамтоски.
Програмата за реновирање на училиштата беше усвоена од советот на Општина Охрид, а средствата за овие зафати се обезбедени од светската банка за реновирање на училиштата и детските градинки.
{loadposition content9}