Училиштата подготвени за школската година
Се гланцаат училиштата за почетокот на школската година.
Учиштата се подготвуваат за почетокот на школската година. Пред ширум да ги отворат вратите за учениците, се гланцаат дворовите, но и училишните простории. Додека учениците одмараа во училиштата се работеше. Генерално сите општински училишта преку локалната добија помош од Јавните претпријатија.
„Изградивме парк со забавни реквизити за најмладите. Посадивме садници, цвеќиња. Нашите ученици во акција ги избоија бетоните во зелена боја. Исековме дрва кои беа со дозвола и нашите вработени изработија клупи и столчиња во еко стилот. Изработивме од рециклирани матријали, стари гуми.. тоа ќе бидат канти за отпад“, истакна в.д директор на ООУ Григор Прличев, Силвија Мојсоска.
Мојсоска открива и поголеми проекти за училишта, за кои за да се реализираат треба многу повеќе пари, време и ангажман. Еден од овие проекти е изградба на еко училница, промена на кровната конструкција и дограмата. Слични планови има и директорот на ООУ Христо Узунов, Тони Симоновски. Но додека се изоѓаат начини за поголемите проекти, Симоноски открива што се реализирало за време на летниот распуст.
„Може да се каже дека нашето училиште веднаш по завршувањето на последната училишна година, почнавме со адаптирање на простор во однос на новитети за новата школска година. Уредедени се парковите, исечени се доста гранки од дрвјата кои сметаа во претходниот период. Поставени се столици за седење во школскиот двор, голем дел од кабинетите се преуредени. Преуреден е и кабинетот за одделенсата настава, нов со голем број на нагледни средства. Го реновиравме и мостот кој години не се користеше. Имаме и едукативна програма како да се користи мостот и набавени се голем број на нагледни средства“, истакна в.д.директор на ООУ Христо Узунов, Тони Симоноски.
Мојсоска и Симоноски презадоволни што училишната годината ја започнуваат без долгови и многу оптимистички поради како што велат подршката што им ја дава локалната самоуправа.
Денеска се средуваа и останатите Охидски училишта. Позитивно бевме изненадени од зафатите кои беа направени во подрачното училиште на Св. Климент Охридски во Даљан, кое не само што е средено , туку конечно доби и осветлување како што треба.
Годинава во Охрид школската година ќе ја започнат вкупно 544 првачиња кои ќе бидат распределени во 28 паралелки во основните училишта.
{loadposition content9}