Skip to main content

Донации во образование

Училишни комплети за охридските првачиња

Педесет првачиња од основните училишта во Охрид опремени со ранци и училишни комплети во рамки на донацијата Даруваме радост за првачиња, организирана од Црвен Крст Охрид, годинава поддржана од компанијата ПН Метал.
 |  инфодеск  | 
Црвен крст

„Даруваме радост на првачиња“ е донација која ја организира Црвен Крст Охрид веќе чевтрта година по ред во рамките на своите хуманитарни активности и соработката со корпоративниот сектор. Годинава Пн Метал како општествено одговорна компанија даде одличен пример вели Ранко Раткушиноски од Црвен Крст-Охрид.

„Тие донираа целосен училиштен прибор кој се состои од нови училишни ранци работни материјали и спортска маичка за првооделнчиња кои потекнуваат од семејства од социјално ранлива категорија.“, вели Ранко Раткушиноски -Црвен Крст Охрид.

Со оваа донација ќе бидат опфатени 50 дечиња во сите училипшта на територија на Општина Охрид. Денеска во ОУ „Братство Единство“ -Охрид беа поделени 19 комплети.

„Оваа донација се надевам дека ќе ја постигне целта бидејќи ќе ја изравува најмалата категорија наши ученици, тие се 6годишни деца чија што насмевка е непроценлива. Најблагодарно е да израдуваш едно дете од 6 години. А оваа донација исто така ќе биде голема помош за одредена категорија ученици кои што се надевам дека утре ќе бидат успешни граѓани на нашата држава.“, кажа Мехмед Џемал Директор на ООУ „Братство Единство“ Охрид.

Претставникот на компанијата која ги донира овие училиштни комплети вели дека постојано се присутни и донираат во рамки на своите можности.

„Во име на сопственикот на фирмата, вработените и екипата која е поврзана со компанијата ПН Метал ми претставува големо задоволство да ги дадеме овие поклони посебно да онаа категторија на деца на кои многу им значи.“, истакнува Борис Симоноски- ПН Метал.

Од Црвен Крст Охрид апелираат и до останатите успешни компании кои сакат да помогнат на некаков начин, дека можат да ја искористат нивната база на податоци во која се запишани над 500 социјално загрозени семејства на кои им е потребна помош.