Skip to main content

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Утрово во 07 часот и 20 минути забележано е безживотно машко тело во водите на Охридското езеро. Телото на неколку метри од платформата на еден угостителски објект покрај езерскиот брег го забележал граѓанин и веднаш било пријавено до П.С. Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
свр
свр

ЕзероМладо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално внимание на утврдување на идентитетот на удавеното лице. Не се забележани траги на насилство“.-Стефан Димоски, портпарол СВР Охрид.

Димоски нагласи дека досега до нив нема пријава за исчезнато лице а од она што досега го имаат како информација е тоа дека се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Портпаролот информира дека до крај на денот по налог на јавниот обвинител врз телото на удавеното лице ќе биде извршена обдукција која ќе даде повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.
Според извори блиски на ТВМ, непотврдени од страна на портпаролот на СВР Охрид, станува збор за момче од Зрновце Кочанско родено 1989 година кое  неколку дена бил работно ангажиран во еден угостителски објект во Охрид.