Skip to main content

Угина единка Балкански рис на патот Охрид – Ресен, кај Буково

Рисот е женка и се претпоставува дека била изгазена, но за точно утврдување на причините за смртта ќе биде однесена на обдукција .
 |  инфодеск  | 

Угината единка од Балкански рис забележана на 24.02.2026 околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково.
Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина.

Рисот е женка и се претпоставува дека била изгазена, но за точно утврдување на причините за смртта ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје.


Рисот бил забележан на патот од страна на патници во автобус. Патниците случајот го пријавиле во ловечко здружение.

Балканскиот Рис е критично загрозен подвид кој живее само во регионот на Западен Балкан, со помалку од 50 возрасни единки во природата од кои четириесеттина возрасни единки живеат на територија на Македонија во НП Маврово, потоа на Шара, Јасен , Стогово, Караорман и Јабланица.

Изложба на фотографии од најпретставителните единки на Балкански рис досега фатени на камера во КЦ Култ Охрид | Портал ТВМ