Skip to main content

Угостители „диво“ поставувале маси и столици

И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема.

 |  Валентина Неловска  | 
carsija
carsija

 

И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема. Инспекторите имале полни раце работа и напишале бројни пријави до сопствениците на угостителските објекти кои без дозвола сакале да профитираат и ова сезона со нелегално поставување маси и столици, нагласува Ана Николоска од одделението за комунална  такса.

kej„ Со наплатата на средства нема проблем. Но има проблем со оние угостители кои немаат кај нас барање за издавање дозвола за поставување маси и столици. Поднесовме до општинскиот инспекторат извештај со фирмите кои извадиле дозволи и оние кои немаат дозволи. Општинските инспектори на терен постапуваше по извештајот и напиша бројни пријави“.

Општината,  втора година по ред, го применува Правилникот за поставување на урбана опрема за да се заштити од неплаќачите на такса и лошото искуство од изминатите години. Според Правилникот дневно се плаќаат 10 денари по метар квадратен за поставување  маси и столици на јавна површина. Општината склучила 47 договори, а во касата се инкасирале близу 2,5 милиони денари, информира Николоска.

bilbordi„ Ние поучени од претходните години кога имавме склучени договори и ненаплатени побарувања сега имаме друг начин на наплата. Прво се плаќаат средствата па потоа ги даваме договорите на сопствениците за да можат легално да ја постават урбаната опрема“, појаснува Николоска.   

 Наплатени се и 38 договори од тендерот за јавни набавки за поставување на разни тезги и фрижидери за продажба на сладолед. Во општинскиот буџет по овој основ се слеале 639.000 денари. Узурпирање на јавните површини за поставување билборди надлежните досега не евидентирале.

 

{loadposition content9}