Skip to main content

Секој со своите аргументи

Угостителите од градов бараат поголема соработка со локалната за решавање на нивните проблеми. Од ТЛЕР пак велат дека тие ќе им излезат во пресрет, но и угостителите треба да поработат на подобрување на некои сегменти од нивното работење.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohrid
охрид

Цените на услугите, висината на давачките за поставување урбана опрема, локалната патна инфраструктура се само дел од проблемите кои ги мачат угостителските работници од градов. Од еснафот на угостители велат дека генерално се задоволни како измина туристичката сезона, но додаваат дека би била уште подобра доколку се минимизираат овие проблеми. Тие бараат да се зголеми соработката со Локалната самоуправа.

Локалната немаше време да се подготви за оваа сезона. Но се надевам дека нејзините служби ги увидоа недостатоците. Очекувам во иднина плодна соработка со цел решавање на заедничките проблеми, вели Димитри Пендов-претседател на еснафот на угостители.охрид

Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека уште во месец јуни имале состанок со угостителите од градов со цел да се договорат за престојната туристичка сезона. Тогаш било ветено веднаш по нејзиното завршување да се одржи состанок на кој ќе се разговара околу проблемите со кои се соочиле. На состанокот требало да се формира координативно тело или совет кој ќе биде под покровителство на лоаклната. Тоа тело треба да ги обедини сите релевантни чинители во угостителскиот сектор со кои би се одржувале редовни состаноци најмалку еднаш месечно на кои би се разговарало за тековни проблеми. Досега тоа тело не е формирано поради тоа што ТЛЕР заедно со факултетот за туризам и угостителство веќе три недели работат на анализа на летната сезона. За тоа ги користат резултатите од истражуавањата по сите угостителски објекти во градов како и импресиите на гостите напишани во книгите на впечатоци. Со тоа ќе се види какова сезона сме имале и каков е квалитетот на услугите по угостителските објекти, вели Ѓоко Апостолов, раководител на ТЛЕР.

По креирањето на резултатите ќе го свикаме тој состанок,  ќе ги слушнеме нивните аспекти, но и аспектите на гостите па ќе видиме кој е во право, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.

Апостолов вели дека ваквото истражување е одлична основаз а изнаоѓање решенија за дел од проблемите со кои се соочуваме при развојот на туризмот. Тој додава дека сега е вистинско време за започнување со изработка на стратегијата за наредната туристичка сезона, а не да се чека месец мај па тогаш набрзина нешто да се планира. Тој се надева на добра соработка со угостителскиот еснаф   на задоволство и на локалната и на угостителите.

{loadposition content9}