Skip to main content

Угостителскиот еснаф бара да се намали данокот за храна

Угостителскиот еснаф бара да се намали  данокот за храна.

 |  Валентина Неловска  | 
hrana

hrana  Намалување на ДДВ-то за хран од 18 на 5 посто побараа македонските хотелиери и угостители.   Доколку им се прифати барањето средствата кои нема да ги плаќаат за ДДВ, ќе ги искористат за нови инвестиции, напоменуваат од еснафот. Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочија за што конкретно наменски  би ги искористиле ослбодените средства. Потенцираат дека со тие пари  би се  надминале  проблемите со кои се соочуваат во последните години, а тоа се недостиг  од свеж капитал, едукација на неквалификуваните кадри и покривање на загубите на вработените во периодот на т.н. мртва сезона.Претседателот на Хотам, Крсте Блажески ја поддржува оваа иницијатива и појаснува дек аима повеќе причини за тоа. Целта е да се подигне стандардот на туристичките капацитети, хотели, рсторани  и кафетерии, вели Блажески и посочува конкретни примери.  

„Ќе  ја олесни работата во повеќе погледи. Има во тоа забуна. Ако  правиме свадба се даночи со 18 посто, ако правиме пансионска вечера се даночи со 5 посто. Доаѓа до слобода на инспекциските служби да оценуваат што е 18, а што 5 посто и во најдобар ред  да е се секогаш ќе најдат нешто, и ако се плати казна не се постигнува целта ,“ појаснува Блажески.  

hranaХотелите и рестораните за храната што ја послужуваат плаќаат на крајниот производ 18 проценти ДДВ, а суровините што ги внесуваат за производство на таа храна се оданочуваат со пет проценти ДДВ. Имајќи ја предвид ваквата диспропорција, од Здружението за угостителство и туризам изготвена е иницијатива со која  бараат намалување на ДДВ за храната. Барањето не ги вклучува пијалоците, напоменуваат од Стопанската комора на Македонија. Според Здружението за угостителство и туризам, со доделувањето на субвенциите во туризмот се бележи континуиран раст на бројот на странски туристи во државата. Статистичките податоци, покажуваат дека во периодот јануари – април годинава во Македонија престојувале 151.007 туристи што е за 8,7 проценти повеќе од истиот период минатата година. Зголемување за 19,8 проценти се бележи кај странските туристи, додека намалување има кај бројот на домашни туристи. Најбројни се туристите од Турција, по што следуваат оние од Грција, Србија, Бугарија и Косово.