Skip to main content

Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за 1 час во одредени денови од овој и наредниот месец. Зa време на Белата ноќ работното време се зголемува за два часа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго. Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти. За 1 час ќе биде продолжено времето овој месец и тоа во деновите:20,21,26,27 и 28ми јули.

Во август угостителите ќе работат еден час подолго 13 дена ( 02,03,04,10,11,13,17,18,24,25, 26,28 и 31.08.2018 година) , во септември 3 дена и тоа 01,07 и 08ми септември, исто така и на 11ти октомври и на 07,08, и 09 декември годинава.


Советниците за 2 часа го продолжија работното време за утревечер, кога ќе се одржува Белата ноќ со која ќе се означи почетокот на туристичката сезона. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков запраша дали продолжувањето на работното време ќе важи и во деновите кога во градов ќе има поголеми музички збиднувања и концерти.


Од кога проверија правните служби испадна дека за оние настани кои се на отворен простор не можиме ние како совет да носиме одлуки и подлежи под друг закон. Ние како совет донесовме одлука за продолжување на работното време, вели Пецаков.


Вие како совет не сте надлежни за носење на ваква одлука. Ова е одлука се однесува за продолжување на работното време на угостителските објекти и јас како овластен предлагач предлагам да се измени членот еден каде што се наведени датумите со кои се продолжува работното време на угостителските објекти во кои се служи и во кои не се служи храна и тоа за два дена, а тоа се 26.07 и 13.08 2018 год., објасни секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски.

Со одлуката, се задолжува општинскиот инспекторат согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, да врши континуирано мерење на бучавоста од угостителските објекти и доколку истите не се придржуваат до законски дозволената гранична вредност да следуваат прекршочни санкции согласно Закон.