УХМР
УХМР: Денес дожд и локална нестабилност, викендов стабилно
Денешните температури во Охрид од 14 до 20 степени Целзиусови.

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).
Денешните температури во Охрид од 14 до 20 степени Целзиусови.
За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.







