Skip to main content

УХМР

УХМР: Денес и утре можни поинтензивни невремиња со град во Охрид

Денес температурите во Охрид од 14 до 29 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

Денес температурите во Охрид од 14 до 29 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека и утре, петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.