Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со силен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 19 до 35 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
И утре ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Од утре во попладневните и вечерните часови во Македонија ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.