Skip to main content

УХМР

УХМР: До петок времето ќе биде сончево и релативно топло

Минималните температури денес во Охрид од 1, а максималните до 13 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Од УХМР информираат дека до петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.