Облачно, по котлините претпладне ќе биде магливо, а претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи ќе започнат преку ноќта, велаат од УХМР.
До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.