Skip to main content

УХМР

УХМР: До сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Минималните температури во Охрид од 9, а максималните до 16 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Од УХМР велат дека до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието. Потоа следува стабилно време и натаму со потпросечни температури за овој период од годината.

Минималните температури во Охрид од 9, а максималните до 16 степени Целзиусови.