УХМР
УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Денес во Охрид минималните температури од 9, а максималнте до 25 степени Целзиусови.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Денес во Охрид минималните температури од 9, а максималнте до 25 степени Целзиусови.
Од УХМР најавуваат дека и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Фото: Ѓоко Симјаноски






