Skip to main content

УХМР

УХМР: Облачно со повремени локални врнежи од снег

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од -2 до 0 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од -2 до 0 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно време со пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.