Претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
За време на викендот ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со грмежи и засилен ветер.
Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 13 до 18 степени Целзиусови.