Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно и нестабилно, од вторник стабилизирање на времето

Дневните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
облачно Охрид
hdr

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Дневните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.