Променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.