УХМР
УХМР: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
Денес минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.
Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Денес минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.
До недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.


