Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно, максималните температури во Охрид до 15 степени

Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

Од УХМР информираат дека од влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

Фото: Ѓоко Симјаноски