Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со повремен локален дожд

Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
облачно Охрид
hdr

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 18 степени Целзиусови.

Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок, информираат од УХМР.