УХМР: Променливо облачно со повремен локален дожд
Денес во Охрид температурите ќе бидат од 7 до 12 степени Целзиусови.

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Од УХМР најавуваат дека утре ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.
Денес во Охрид температурите ќе бидат од 7 до 12 степени Целзиусови.







