Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 15 степени Целзиусови.
Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.