Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.