Променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови, информираат од УХМР.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.