УХМР
УХМР: Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време
Денес во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 21 степен Целзиусов.

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).
Денес во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 21 степен Целзиусов.
Од УХМР информираат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).







