Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на претежно стабилно и топло време

Минималните температури од 8, а максималните до 21 степен.
 |  инфодеск  | 

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури, информираат од УХМР.

Минималните температури од 8, а максималните до 21 степен.