Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот

Минималните температури денес во Охрид од 3, а максималните до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури денес во Охрид од 3, а максималните до 15 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.