Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со постудени утра

Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 15 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.