Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла

Во Охрид температурите во интервал од 2 до 9 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро со услови за појава на магла по котлините. Преку денот променливо облачно, претежно во планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.

Во Охрид температурите во интервал од 2 до 9 степени Целзиусови.

Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Од утре дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5 степени повисока, информираат од УХМР.