Skip to main content

УХМР смирува-жолтата фаза значи само малку повисоки температури од нормалните

Охрид денес ја почувствува жолтата температурна фаза, во најголемиот број медиуми сензационално опишана како алертна и алармантна.

 |  Мишел Наумоски  | 
zolta faza
жолта фаза

Охриѓани денес ја почувствуваа жолтата температурна фаза, прво вакво предупредување за ова лето. Но, она што се чини како нормално покачување на температурите, во најголемиот дел од медиумите беше сензационално најавено како алертна или алармантна фаза што секако може да ги вознемири граѓаните. Но, причина за паника, барем според зборовите на одговорните од Управата за хидрометеоролошки работи, во моментов нема. Тие појаснија дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот во однос на материјални штети и опасност по човечки животи. Ги запрашавме што точно значи моменталната, жолта фаза.

visoki temperaturi„Да се задржам околу високите температури. Ова е неколкудневен период на малку повисоки максимални температури во денот за различни региони во земјата. Од утре за сите региони и е само прво повисоко ниво од вообичаените граници кои се за одреден месец во годината. Нема место за нешто повеќе. Треба да се внимава на изложеност од директно сончево зрачење и да се земаат повеќе течности. Сепак посериозни се портокалова и црвена фаза.“-вели Борис Секирарски-дежурен синоптичар при Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак и покрај тоа што жолтата фаза не може да се окарактеризира како алармантна, остануваат редовните предупредувања при повисоки температури. Од службите на Брзата помош од Охрид, велат дека вообичаено имаат зголемен интензитет на интервенции во текот на летниот период, но ништо позначајно.

fontana„Во овој период се препорачува во периодот од 10 до 17 часот седење во простории затемнети, со затворени прозори и врати, спуштени ролетни, климатиризани по можност да бидат, користење на светла облека, наочари, капа заштитна и што помалку без потреба излегување во овој период кога сонцето е најсилно.“-рече раководителот на Брзата помош од Охрид, д-р Ацо Стојаноски.

Во жолта фаза, денес се наоѓаше токму нашиот охридско-струшки регион, додека од утре, во жолта фаза влегува целата република.

Имајќи ги предвид сите предупредувања и препораки околу високите температури, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека максималните дневни температури во нашиот град ќе го достигнат 34от степен целзиусов, но веќе во сабота, најавуваат пад на температурите поради очекуваната посвежа воздушна маса, за веќе во недела да забележиме температури пониски за 6 до 8 степени целзиусови. Чувајте се од високите температури, но без паника, алармот се вклучува многу подоцна.

{loadposition content9}