Skip to main content

УХМР: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 32 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Од УХМР информираат дека до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Денес во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 32 степени Целзиусови.