Сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.
До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која само понекаде ќе остане подолготрајна. Од недела времето ќе биде променливо облачно и постудено, а на почетокот на следната недела наместа ќе има појава на повремен дожд, на највисоките планини услови за краткотраен снег.
Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.