Skip to main content

УХМР

УХМР: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат и дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.