Денеска во Охрид ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во следните два дена ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.
Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 16 до 31 степен Целзиусов.