Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -1 до 8 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека утре и задутре ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.