Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури во Охрид од 16, а максималните до 29 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека и во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Утре и во сабота ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.