Skip to main content

УХМР

УХМР: Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од-6 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од-6 до 10 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Минималните температури денес на повеќе места ќе бидат негативни, а потоа и минималните и дневните ќе бидат во постепен пораст.