Skip to main content

ухмр

УХМР: Утрото студено, преку денот сончево

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 19 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информираат од УХМР.

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 19 степени Целзиусови.