Skip to main content

УХМР

УХМР: Викендов времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини

Денешните температури во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Денешните температури во Охрид ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.