Print
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во сабота 22 октомври 2022 година ќе го прослави својот патронен празник.
Свечената церемонија по тој повод ќе се одржи во Амфитеатарот на Универзитетот со почеток од 13 часот.
Универзитетот оваа година прославува 13 години од своето постоење и продолжува во градење на својата успешна приказна како препознатлив охридски бренд со светско реноме.
УИНТ е основан како државен универзитет специјализиран во информатичките науки и технологии и останува посветен на развојот на високообразовната и научно-истражувачката дејност и подобрувањето на животот на заедницата.