УИНТ „Св Апостол Павле„ од голема важност за охридскиот регион од економски и социјален аспект
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ – Охрид е значаен за градот не само од образовен туку и економски и социјален аспект. Иако на овој државен универзитет се запишуваат студенти од цел свет, сепак најмногу регрутира студенти од Охрид и охридскиот регион. Тие млади луѓе по завршувањето на студиите ја потпомагаат локалната индустрија.
„Ние имаме меморандуми за соработка и плодна соработка со многу од компаниите што се во регионот, дури се поканети и учествуваат во развој на следните студиски програми, секоја следна студиска програма се прави во координација со локалните и фирмите кои се меѓунарони со локално присуство во Охрид такашто ние ги калибрираме нашите програми со самото тоа и обуката што ја овозможуваме за нашите студенти да одговара на потребите на пазарот.“ – вели ректорот на УИНТ „Св Апостол Павле“ , проф. д-р Иван Бимбиловски.
УИНТ Св Апостол Павле е и еден од посериозните работодавачи во Охрид. Привлекуваме високо образована работна сила којашто се става во функција на развојот на студентите, но и развојот на Охрид, а притоа овозможуваме обезбедување на средства за живот на повеќе од 100 семејства во Охрид, вели ректорот Проф. д-р Бимбиловски.
„Овозможуваме студентите , односно граѓаните на Охрид да останат тука, а не да одат на други места, што исто така беше една од целите за формирањето на овај универзитет, да се обезбеди рамномерен регионален развој. Секако условите во домашната средина се подобри од повеќе аспекти и економските, трошоците на семејствата кои пуштаат студенти се помали во родниот град отколку во други градови, во Скопје или во странство. Тоа е една дополнителна придобивка за Охрид. – вели Проф. д-р Бимбиловски.
Универзитетот има и голема мобилност на студенти и професори со користење на европските фондови. Странски студенти и професори доаѓаат во Охрид и тука поминуваат дел од нивните студии и истражувања , што на подолг период влијае врз економијата.
Унверзитетот составен од 5 факултети и еден центар за дигитална уметност, а од неодамна е акредитиран и за докторски студии по компјутерски науки и инженерство. Досега на „Св Апостол Павле“ дипломирале 1500 домашни и 240 странски студенти.