Skip to main content

УИНТ „Св.Апостол Павле“ за лицата од социјално загрозените семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на  Универзитетот “Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства.

 |  Голабовски Крсте  | 
kurs
курс

Во рамките на активностите за општествена одговорност на  Универзитетот “Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства.

kursВо рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно вработување или отворање на сопствен бизнис.

„Бидејќи се работи за курс наменет за млади луѓе кои немаат познавања од веб дизајн и програмирање, програмата е направена на начин што ги покрива основите на креирање на веб страни, со силен акцент на стекнување на практично знаење и искуство. Овој курс има за цел да ги подготви учениците за да бидат способни самите да направат едноставна веб – страна по завршувањето на курсот, со цел поттикнување на определба за нивното идно образование и кариера, а истовремено и како потенцијален извор на приход“, вели Јасна Тренгоска, еден од тренерите на курсот.

„Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во рамките на својата едукативна дејност изразува  општествена одговорност во сегменти на економски, еколошки и социјален план. Фокусот на овој проект конкретно, се децата од социјално ранливи групи и подобрување на квалитетот на нивниот живот. Ние на УИНТ се обидуваме да креираме позитивно влијание во општеството и локалната заедница преку подигање на јавната свест, филантропија, волонтерство и општествен придонес, користејќи ги притоа нашите главни ресурси: експертиза, практични вештини и знаења“ изјави проф. д-р Нинослав Марина, Ректор на Универзитетот.

{loadposition content9}