Skip to main content

УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид одбележува 15 годишен јубилеј

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид одбележува 15 години од основањето со добивање акредитација за воведување докторски студии по комјутерски науки и инженерство. Денеска во просториите на универзитетот се одржа свеченост по повод јубилејот и патрониот празник. Се навраќаме во минатото да ги согледаме нашите минати успеси, да ги прославиме, но и да гледаме во иднината да си дадеме нови ветувања, да си поставиме нови цели, истакна во своето обраќање ректорот Проф. д-р Иван Бимбиловски.
 |  инфодеск  | 

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид одбележа значаен јубилеј, 15-годишнина од своето основање, истовремено одбележувајќи го Патрониот празникНа свеченоста на која присуствуваа гости од земјава и странство, амбасадори и академици беа доделени дипломите на дипломираните студентите од прв и втор циклус студии и беше даден краток осврт на главните моменти кои го одбележаа развојот во на оваа високо-образовна и научна институција во изминатите 15 години.

Ги славиме успесите и учиме од искуствата со цел да обезбедиме подобри услови за нашите студенти, но и за градот Охрид, државата и пошироко, истакна ректорот на универзитетот, Проф. д-р Иван Бимбиловски.

„Бројките покажуваат дека ова е успешен проект, не само во академско-образовна смисла, туку и во економска и социјална смисла. Низ нашите клупи дипломираа многу студенти, 1500 домашни и 240 странски студенти досега. Минале 70-тина професори од земјава и странство што студирале на врвни универзитети кои биле дел од нашиот академски тим, голем број на успешно реализирани проекти околу 1 милион евра имаме проектни активности остварено, од проекти од ЕУ, од светски истражувачки програми и мрежи. Посебно сме горди на тој успех.“ – посочи Проф. д-р Бимбиловски.

Вработливоста на студентите кои излегуваат од универзитетот „Св. Апостол Павле“ е голема, најголем дел од дипломците наоѓаат работа веднаш по завршувањето на студиите или го продолжуваат школувањето на врвни институции, вели ректорот Бимбиловски.

„Имаме примери за наши студенти вработени во светски познати фирми од ИТ секторот, како Тесла, Гугл, и истите се дел од тие тимови. Не станува збор за исклучоци, само за неколку, тука тоа се голем број на студенти. Студенти после дипломирање на прв циклус добиле престижни стипендии на етаблирани институции и универзитети во Европа, како Берлин, во Швајцарија, во Данска што покажува дека ние ги подготвуваме студентите на еден квалитетен начин што е признат не само во земјава, туку и во странство. “ – вели ректорот.

Во поглед на понатамошниот развој на универзитетот новина е добивањето на акредитација за трет циклус студии, односно докторски студии по комјутерски науки и инженерство.

„Тоа е навистина големо постигнување, бидејќи е процес кој е доста ригорозен и се испитува од повеќе инстуции во земјата. Ние еве успеваме преку тој процес да докажаме дека заслужуваме да организираме такви студии на највисоко ниво.“– потенцира ректорот Бимбиловски.

На денешната свеченост беше присутен и Амбасадорот на НР Кина во Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо кој додели 18 стипендии за студирање на универзитетот на најуспешни студенти од сите студиски години , што е резултат на долгогодишна плодна соработка на „Св Апостол Павле“ со кинеската амбасада.