Skip to main content

Универзитетот Св. Апостол Павле слави патронат и 15-годишен јубилеј

Настанот ќе се одржи во 12.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на оваа високо-образовна и научна институција.
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Денес, 22 октомври 2024 година, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе ја одбележи 15-годишнина од своето основање, истовремено одбележувајќи го Патрониот ден на Универзитетот.

Настанот ќе се одржи во 12.00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на оваа високо-образовна и научна институција. Настанот ќе собере видни гости, професори и студенти, кои заедно ќе го одбележат овој важен јубилеј на Универзитетот.