Skip to main content

УЈП го продолжува рокот за поднесување годишни даночни пријави

До истекот на рокот, од Управата за јавни приходи очекуваат да бидат поднесени околу 6000 пријави.

 |  Мишел Наумоски  | 
ujp
ујп

godisni danocni prijaviДо денес поднесени 4166 годишни даночни пријави за Охрид и 165 пријави за Дебрца во Управата за јавни приходи.Од таму информираат дека овие даночни пријави, физичките лица можат да ги поднесат и во контакт центарот во Скопје доколку моментално не се наоѓаат во градов. Од Управата велат дека ќе го продолжат рокот за поднесување на годишните даночни пријави.

„Рокот за поднесување на годишните даночни пријави и годишниот даночен биланс за персонален данок на доход е 15ти Март, а бидејќи последниот рок паша во сабота, неработен ден, потсетуваме дека согласно законот, даночните обврзници своите пријави ќе можат да ги поднесат и на 17ти Март 2014та година во Понеделник како прв работен ден во неделата.“-вели шефот на службата за регистрација и услуги при УЈП-Охрид, Рејна Стефаноска.

{loadposition content9}