Skip to main content

Улицата „Аџи Мустафа“ доби нов лик

Проектот е реализиран преку Министерството за транспорт со поддршка од Светска Банка, како дел од заложбите на локалната самоуправа за модерна и функционална инфраструктура.
 |  инфодеск  | 

Улицата „Аџи Мустафа“ доби нов лик, со што значително се подобрува квалитетот на живеење и безбедноста во овој дел од Охрид.

Со проектот беше опфатено асфалтирање на коловозот со површина од 4800м2, изградба на нови сливници за ефикасно одведување на атмосферските води.

Вредноста на проектот изнесува 8.079.000 денари, а е реализиран преку Министерството за транспорт со поддршка од Светска Банка, како дел од заложбите на локалната самоуправа за модерна и функционална инфраструктура.