Skip to main content

Улицата „Ристо Чадо“ во очајна состојба

Живееме во населба која не е ниту село ниту град, реагираат жителите од ул Ристо Чадо. Улицата е без тротоари, асфалтот е пропаднат и полн со дупки, од едната страна има расфрлан смет. За жал тое е реалната слика во МЗ Видобишта каде што припаѓа оваа улица.

 |  Николоска Биљана  | 
risto cado
ристо чадо

risto cadoРисто Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување на водоводно канализациона инсталација и сл, но никако по улицата и неколкуте краци да се постави нов асфалт.

„Уличињата ни се многу загрозени, има дупки дури ни човек не може да помине пешки а камо ли со возило. Оваа страна не е право правена се собира вода и не можиш да одиш по улица треба чизми да облечиш за да поминеш. risto cadoОвде често пати овие што полагаат поминуваат од тука ја користат, тротоари нема децата за научилиште мора преку расадникот да одат за да скратат нема каде да одат, уличињата се тесни и да се запали нешто додека дојде пожарната ќе изгори. Ние сме ни на село ни на град, вамо е град а Велгошти можеби е подобро ако е село отколку ние во населбава“. – велат граѓаните.

Можеби токму следнава 2015 та ќе дојде крај на дел од проблемите на мештаните од овој потег. Улицата „Ристо Чадо“ се наоѓа во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2015-2017 година на општина Охрид. Во програмата која е изработена од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици предвидена е целосна реконструкција на оваа улица со средства од кредит од Светска банка. Развојните програми треба да поминат  на седницата на градскиот совет која што е закажана за понеделник 29 декември а потоа времето ќе покаже што и колку од нив ќе се реализира.

{loadposition content9}